Минатиот викенд на 11ти и 12ти мај се одржа првиот дел од Меѓународниот Велигденски турнир во кошарка чиј организатор е кошаркарскиот клуб “Младост” од Битола.
Натпреварите се играа во 4 спортски сали низ Битола и тоа: градската спортска сала “Боро Чурлевски”, училишната спортска сала “Д-р Јован Калаузи”, училишната спортска сала „Јосип Броз Тито“ и училишната спортска сала “Јане Сандански”.
Во првиот дел од кошаркарскиот турнир имаше категории за момчиња родени во 2012 и 2013 година, девојчиња родени во периодот од 2010 до 2012 година како и мешана категорија за млади кошаркари и кошаркарки родени во периодот од 2014 до 2016 година.
Со поддршката на овој турнир компаниите Евротип и Голд Слот директно го поддржуваат и економскиот развој на град Битола бидејќи овој турнир не е само за спортистите туку е за добробит на целата општина. Како што младите учествуваат и растат во спортот така тие стануваат лидери во својата заедница и пример за следните генерации.
Сите компании кои се дел од КС Групација сакаат со личен пример да ги поттикнат останатите компании да се вклучат во поддршка на младите и спортот за да им дадеме мотивација на младите да се ориентираат кон спорт и здрави навики, а не да тргнат по лоши патишта.