Македонија

Еден активен пожар и еден под контрола од вчерашните 22 на отворено низ државава

Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 22 пожари на отворен простор ширум државава.

Од нив, активен е еден, еден е ставен под контрола, изгаснати се 20, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што појаснија, активен е пожарот на територија на општина Штип, меѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали, префрлен на армискиот полигон „Криволак“.

Таму, се додава во соопштението, горат нискостеблеста шума и сува трева. Пожарот на границата меѓу општините Долнени и Чашка е ставен под контрола. Опожарена е мешана шума во овој предел.

Поврзани новости