Едноставно и вкусно: Рецепт за крцкави плескавици од брокула кои се печат во рерна

0
Споделивања

Крцкава веге плескавица во поинаква верзија. Во основа, одлична идеја за вкусни грицки во кои главната улога ја има брокулата.

Овој пролетен рецепт е исто така одличен избор бидејќи плескавиците не се пржат на масло, туку се печат во рерна. Додадете го вашиот омилен прилог или спојте сè во плескавица со состојките што ги сакате, а веруваме дека ова јадење често ќе се најде на вашето мени во иднина.

Состојки:

200 гр брокула
120 гр рендано полутврдо сирење (на пр. чедар)
50 гр презла
3 млади кромидчиња
2 јајца
2 чешниња лук
сол и бибер по желба
растително масло

Подготовка:

Брокулата издинстајте ја, изгмечете ја со вилушка и измешајте ја со изматените јајца, презла, рендано сирење, ситно сечканиот лук и млад кромид.
Посолете ја и забиберете ја смесата по желба. Од добиената смеса направете топчиња со приближно иста големина и израмнете ги во пржење.
Ставете ги на плех и лесно премачкајте ги со масло.
Печете ги во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 20 до 25 минути додека не добијат убава златно-кафеава боја и крцкава кора.

Добар апетит!

0
Споделивања
Exit mobile version