Кевин Спејси го враќа својот углед? – Во Торино му е врачена награда и покрај обвинувањата за сексуални злосторства

0
Споделивања

На актерот Кевин Спејси му беше врачена наградата „Stella della Mole“, која Националниот музеј за кинематографија во Торино му ја додели „како признание за неговиот естетски и авторски придонес во развојот на филмографијата“.

Спејси е добитник на престижната награда и покрај контроверзните обвинувања за сексуални злосторства што го нарушија угледот на американскиот оскаровец.
„Секако сум благословен, благодарен и понизен, а моето срце е полно што Музејот на филмски уметности и науки имаше храброст да ме покани вечерва“, рече Спејси на церемонијата на доделувањето, пренесе Ројтерс.

Спејси е добитник на многу други меѓународни награди, меѓу кои Тони, Греми и Златен глобус, но неговата кариера ненадејно заврши пред неколку години, откако повеќе од дваесет мажи го обвинија за сексуална злоупотреба.

0
Споделивања
Exit mobile version