КК Пелистер од Битола ќе го организира финалниот турнир на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“

0
Споделивања

Согласно со пропозициите за натпреварување на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2024 во машка конкуренција, Македонската кошаркарска федерација распиша конкурс за техничка организација на завршниот турнир од ова натпреварување.

По предвидениот рок за испраќање на пријави за добивање на организацијата, донесена е одлука организацијата на финалниот турнир за натпреварувачката сезона 2023/2024 година, да му се додели на КК Пелистер од Битола.

Завршниот турнир во „Фајнал-ејт“ формат, ќе се одигра во периодот од 15 до 17 февруари 2024 година во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Место во завршницата на ова натпреварување обезбедија екипите на МЗТ Скопје Аеродром, Еуро Никел 2005, Пелистер, Чаир 2030, Работнички, ТФТ Моцарт, Феникс 2010 и Гостивар.

Согласно со пласманот на екипите по првиот круг од регуларниот дел од сезоната (11 одиграни кола) од Првата лига-мажи, во четвртфиналето ќе се сретнат:

(1) МЗТ Скопје Аеродром – (8) Гостивар
(2) Пелистер – (7) Феникс 2010
(3) Еуро Никел 2005 – (6) Чаир 2030
(4) Работнички – (5) ТФТ Моцарт

Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“2024 во женска конкуренција. Терминот и местото на одигрување на завршницата на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2024 – жени, ќе бидат дополнително објавени.

0
Споделивања
Exit mobile version