Кратка историја на таксито – Кога и каде се родила оваа идеја

0
Споделивања

Кога и каде се пoјавила идејата за првото такси возило или првата такси услуга

Првата идеја за постоење на превозно средтсво кое може да ги пренеси пешаците до одредено место, се родила во почетокот на 17 век во Лондон. Тогаш се појавиле кочијаши кои им нуделе услуга на пешаците во густо населените градови.

По неколку децении, оваа форма на превоз станува сè попопуларна, а во 1635 година законот донесол регулативи за овие возила, така што само неколку децении подоцна бил донесен официјален закон со кој се наложувало дека кочијашите мора да имаат дозвола за да се занимаваат со овој, веќе бизнис.

На почетокот на 19 век бил дизајниран нов тип на возило што било помало, а со тоа и побрзо и полесно за возење. Станувало збор за отворена кочија со две тркала, еден вид кабриолет, а набрзо оваа кочија го добила прекарот кабина, што е она што повеќето Англичани го нарекуваат и денес. Интересно е пто токму најпознатиот детектив Шерлок Холмс често користел такси за што побрзо да стигне до местото на злосторството, па така можеби и токму тој направил најголема реклама и промоција за користење на ова возило.

Ова биле само првите почетоци на таксито како што го знаеме денес, а се се сменило со пронајдокот на таксиметарот, кој го олеснил наплатувањето на оваа услуга. На почетокот на 20 век на улиците се појавиле такси опремени со таксиметри и се се променило.

По пронаоѓањето на таксиметарот, многу возачи протестирале бидејќи повеќе не можеле да наплаќаат колку што сакаат. Неколку децении подоцна, во 1940-тите, радиото го олеснило бизнисот на такси превозниците.

Благодарение на радиото, возачот и контролниот центар можеле да комуницираат и работата се одвивала попродуктивно бидејќи можеле да ги организираат возилата во големите метрополи.

Набргу потоа, компаниите почнале да ги подобруваат своите возила, така што возењето станувало сè поудобно и поубаво.

Некои градови како Њујорк имаат до ден денес карактеристична боја на такси. Добро познатото жолто такси често се прикажува во филмовите, а во 1967 година бил донесен закон дека сите такси мора да бидат жолти за да бидат препознатливи по улиците на градот. Друг предлог-закон е обидот да се намалат дивите – таксисти кои самостојно ја вршат оваа работа без да бидат вработени во фирма.

Во тоа време било многу скапо да се обои личен автомобил во жолта боја, а можеби ќе можело да преживееш така некое време ако веќе имаш жолт автомобил.

Такси возилата се светски феномен, а Њујорк е само трет град во светот по бројот на овие возила, пред Лондон и Лима, главниот град на Перу. Можеби сите големи градови во светот треба да го емитираат законот на Њујорк, за да не се случат измами.

0
Споделивања
Exit mobile version