„Моменти низ времето“, изложба на Моника Десоска во Прилеп

0
Споделивања

Во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Моменти низ времето“ од уметницата Моника Десоска. Таа се претставува со серија на дела од циклусот „Моменти нив ремето“. Нејзината животна ретроспектива, несебично ја споделува преку свое самооткривање.

– Сеќавањето опстојува како белег низ димензиите на времето толкувајќи го човековото постоење. Го буди копнежот, носталгијата во нас и ни помага да ја согледаме животната трансформација. Тајни скриени длабоко во мислите, ги евоцираат спомените, ги потикнуваат соништата и ја будат надежта. Делата сведочат за детските мечти, безгрижните дни, за едно време кое душата ја храни. Драматичните промени и носталгичните импулси, го откриваат уметниковиот сензибилитет преточен низ играта на изразениот констраст – пишува Ана Јосифовска за изложбата.

0
Споделивања
Exit mobile version