Најзгодниот и најбогатиот слаткар на светот – Дури и најголемите љубители на чоколадо не би пробале од неговите десерти, но не затоа што се лоши

0
Споделивања

Amoury Guichon e неверојатен уметник. Доколку до сега не сте имале слушнато за ова прочуено име, еве што светот раскажува за него.

Amoury е од Франција и може слободно да се каже дека е виртуоз во создавање на вкусни рецепти од чоколада. Но, освен вкусот, ова секкогаш позитивно момче со широка насмевка и тоа како знае да креира совршени скулптури кои на прв поглед не би ни претпоставиле од што се направени.

Шармантниот француски слаткар е најследен на социјалните мрежи и е светски познат по неговите фасцинантни дела извајани од чоколадо.

Не се знае многу за недвижностите што ги поседува Гуишон, ниту за луксузните предмети и автомобили што ги поседува. Сепак, може да се претпостави дека со својата заработка може да поседува дом во Лас Вегас, кој што во предградието може да чини помеѓу 1-5 милиони долари, во зависност од големината. Тој, исто така, заработил доволно како професионален слаткар за да отвори своја академија за пециво на 28-годишна возраст.

Гишон ги споделува своите рецепти во неговата книга „Уметноста на вкусот“ и патувал низ Европа и Азија за да одржува часови за тоа како да се создадат чоколадни скулптури.

Своевремено тој е и водител на позната риалити серија на Netflix ,,School of Chocolate”. Шоуто како и насловот алудира повеќе на учење на натпреварувачите отколку на натпреварување. Но, токму тоа и била целта, да се усвои знаењето кое со неверојатна трпеливост го пренесува овој млад слаткар.

Дури и најголемите љубители на чоколадо не би пробале од овие „десерти“, но не затоа што се лоши…Затоа што ни било жал да ги расипиме.

Хм…Во ред, може само малку да дегустираме.

0
Споделивања
Exit mobile version