Најмалку девет загинати во земјотресот во Тајван, над 100 луѓе се заглавени во тунели

0
Споделивања

Спасувачите во Тајван се обидуваат да ослободат десетици луѓе заглавени во тунели откако островот беше погоден од најсилниот земјотрес во последните 25 години, во кој загинаа најмалку девет луѓе, а над 900 се повредени.

Епицентар на моќниот земјотрес од 7,4 степени според Рихтерова скала бил во морето покрај источниот брег на Тајван, 18 километри од градот Хвалиен. Тој бил следен уште неколку силни тресења.

Околу 75 луѓе, меѓу кои и двајца германски државјани, се спасени од неколку тунели во округот Хвалиен, додека 137 остануваат заглавени. Меѓу нив се и 50 вработени во еден хотел, кои патувале со четири минибуса. Властите досега не успеале да стапат во контакт со нив и тие се водат како заглавени.

Сите загинати се во округот Хвалиен, вклучувајќи тројца планинари кои починале кога биле погодени од паднати карпи во клисурата Тароко.

Од Тајван доаѓаат информации за големи штети од земјотресот, вклучувајќи и паднати згради. Голем автопат е затворен поради свлечишта и паднати карпи.

0
Споделивања
Exit mobile version