Норвешка испрати 76 воени возила за Македонија. Вкупно 40 камиони и 36 лесни пешадиски возила се натоварени вчера од пристаништето Оркангер и со брод ќе бидат транспортирани до Солун, информираат од Норвешката амбасада.
Со донацијата, најавена во септември минатата година, како што информираат од амбасадата на Норвешка, ќе биде опремен лесен пешадиски баталјон.
Донацијата, како што велат од амбасадата, е и индиректна донација за Украина, бидејќи Македонија претходно донираше значителна количина опрема за Украина. Со норвешката донација, Македонија ќе може повторно да надополни дел од опремата што ја подариле, посочуваат од амбасадата на Норвешка.