Од денеска до 25 јуни полуматурантите можат електронски да аплицираат за упис во средно

0
Споделивања

Од денеска до 25 јуни, до 15 часот, е првото електронско пријавување на учениците за запишување во прва година средно образование.

Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Регистрација на системот не е потребна и најавата се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk.

Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата е поставено со линк на страната за логирање/ најава.

Второто пријавување е на 1 јули и 2 јули 2024 година до 15:00 часот.

Пријавата за запишување е составен дел од апликацијата која е потребно да се пополни, да се испечати и да се достави до училиштата со останатите потребни документи согласно конкурсните рокови од Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година во Македонија.

Пополнетата електронска пријава од страна на учениците може да се генерира со печатење на електронската пријава преку системот за е-услуги. Истата може да се повлече преку порталот за е-услуги на МОН, преку печатење со сивото копче печати во сегментот МОИ АПЛИКАЦИИ на порталот – по отварање на електронската пријава на ученикот.

0
Споделивања
Exit mobile version