Од полноќ Еуросупер БС-95 со поголема цена, Еуросупер БС-98 и дизелот без промена

0
Споделивања

Со новата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 10.04.2022 година

 

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,946% или за 42,700 $/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,784 или за 35,350 $/тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 4,793% или за 34,600 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,892% или за 8,800 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,6004 ден/$ и е за околу 0,224% понизок од курсот на доларот (56,7272 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

0
Споделивања
Exit mobile version