Од полноќ поевтинува дизелот

0
Споделивања

Освен дизелот, од полноќ поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава по цена од 80,5 денари за литар
Од вечерва на полноќ дел од горивата ќе се продаваат по намалени, а дел по непроменети цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според одлуката на РКЕ, од полноќ цената дизелот се намалува за 2,5 денари за литар, додека цените на бензините остануваат исти и нема да се менуваат.

Па така, литар дизел од полноќ ќе чини 82 денари, бензинот еуросупер БС-95 ќе се продава за 84 денари за литар, а литар бензин еуросупер БС-98 ќе чини 86 денари.

Освен дизелот, од полноќ поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава по цена од 80,5 денари за литар.

0
Споделивања
Exit mobile version