Падна првиот снег во регионот: Погледнете како побеле во Словенија

0
Споделивања

Додека летото си заминува, а зимата си чека ред, на Балканот веќе пристигна првиот снег. Иако, што се вели до пред неколку дена температурите беа многу високи, сепак наглото опаѓање го донесе првиот снег, па планинскиот премин Вршич во Словенија веќе е побелен.

Превојот Вршич, познат по својата живописна убавина, сега е престорен во зимска идила навестувајќи го доаѓањето на постудените денови и драстична промена на временските услови.

Вршич е највисокиот патен премин во Словенија. Се наоѓа под истоимениот врв на надморска височина од 1611 метри.

Снег падна и во близина на планинарскиот дом Кредарица.

Oсвен во Словенија, снег има и во други делови од Европа. Во Германија планинските врвови веќе се покриени со снежна покривка, додека на Алпите се забележани првите сериозни снежни врнежи.

0
Споделивања
Exit mobile version