Рецепти

Пилешко месо на кинески начин за 4 лица

Многу е повкусно од она што ќе ви го понудат во кинеските ресторани. Добар апетит!

За сите љубители на кинеската кујна, издвоивме лесен рецепт за пилешко пржено месо. Зеленчукот можете да го комбинирате по желба, а наместо сусам можете да додадете кикиритки.

Состојки:

600 г пилешко бело месо
1/2 шолја од 200 мл екстра бело брашно тип 400
1/2 шолја од 200 мл густин
бибер
масло за пржење
сол
За сосот:

3 лажици масло
3 чешниња лук
2 лажици мед
70 мл соја-сос
60 г кечап
1 лажица доматно пире
2 лажици јаболков оцет
2 лажичиња густин
малку вода по потреба
1 праз
2 лажици сусам
Приготвување:

Пилешкото месо се сечка на коцки 2 х 2 см, се додаваат сол и бибер.

Во сад се комбинираат густинот и екстра белото брашно тип 400, а потоа се додава пилешкото месо и се промешува да се залепи смесата за месото.

На врело масло се пржи похуваното пилешко месо, додека зарумени. Се вади со шуплива лажица и се става на хартиена салфетка да се впие вишокот маснотија.

Посебно се комбинираат сосот од соја, медот, кечапот, доматното пире, јаболковиот оцет и густинот во тава и се меша со жица да се добие еднолична смеса. Се додава изренданиот лук и сето тоа заедно кратко се пржи. Се става малку вода (100 – 150 мл) и се вари додека зоврие.

Се додава пилешкото месо и се промешува, на крајот се додава празот исечкан на коцки и повторно се промешува.

Готовото јадење се посипува со сусам.

Поврзани новости