НАЈНОВО

Рецепти

Колач со чоколадо и смокви

Едноставен рецепт за вкусен десерт.

СОСТОЈКИ:
4 јајца
4 лажици брашно
1/2 прашок за печиво
100 гр чоколадо
150 гр шеќер
2 пудинга од ванила
50 гр путер или маргарин
200 гр свежи смокви
500 мл млеко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пудингот згответе го во млеко и засладете по вкус. Разматете јајца со шеќер, додајте брашно со прашок за печиво и растопено чоколадо.
Плехот обложете го со хартија за печење, па во него излејте го тестото. Преку чоколадното тесто, лажица по лажица, ставајте пудинг.
Смоквите измијте ги и отсечете ги дршките, па нив потопете ги во пудингот и притиснете. Печете на 200 степени околу 40 минути.
Колачот добро излдете го па дури потоа сечете го, па свртете наопаку и сечете на коцки. По желба можете да посипете со шеќер во прав и ванилин шеќер.

Уживајте!

Поврзани новости