На Клиниката за инфективни болести во Скопје починала 20-годишна девојка како последица на грип, од клиниката за Сител го потврдија случајот. Ова е седми смртен случај како последица од грип оваа сезона.
Според информациите, девојката била префрлена од Клиниката за хематологија и не била вакцинирана.