Прашина од Сахара повторно во Македонија, мерните станици покажуваат висока концетрација на ПМ10 честички

0
Споделивања

Мерните станици за загаден воздух во Битола и околината, денеска покажуваа висока вредност на загаденост. Тоа е поради песокот од Сахара кој повторно е присутен во Македонија.

Најизразен е во јужните делови од земјава, меѓутоа го има насеката, и во Скопје и околината.

Според податоците на официјалната страница на министерството за животна средина, во најтоплите делови од денот, концетрацијата на прашина во Битола изнесуваше 152 микграми на метар кубен.

Ваквата појава ја најавија и метеоролозите.

Прашина од Сахара веќе имаше неколку пати во Македонија во изминатите месеци.

0
Споделивања
Exit mobile version