Македонија

Претежно сончево и многу топло, температурата до 38 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=9

Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Од утре до недела нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

Поврзани новости