Променливо облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд

0
Споделивања

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието.

Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи. Минималната температураќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 24°C.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23°C.

И в петок ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Во деновите од викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за слаб локален дожд во планинските региони. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.

0
Споделивања
Exit mobile version