Рецепти

Рецепт за вкусна ужина со грчки јогурт и цреши – децата ќе ја обожаваат

Експериментирајте со овошјето, вкусовите, путерот од јаткасти плодови и уживајте во овој здрав рецепт.

Овој рецепт со цреши и грчки јогурт е одлична комбинација кога сакате да му подготвите здрава ужинка на вашето дете.

Црешите ќе му го дадат дополнителното освежување кое на сите ни е потребно ова лето, а во комбинација со грчки јогурт кој содржи протеини, калциум и многу малку шеќер, ќе добиете здрава и вкусна ужинка.

Потребни состојки:
10 цреши, со извадена семка и исечкани
90g грчки јогурт
60g мазен путер од кикиритки, растопен на собна температура
20g ленено семе

Овој рецепт со цреши и грчки јогурт е одлична комбинација кога сакате да му подготвите здрава ужинка на вашето дете.

Црешите ќе му го дадат дополнителното освежување кое на сите ни е потребно ова лето, а во комбинација со грчки јогурт кој содржи протеини, калциум и многу малку шеќер, ќе добиете здрава и вкусна ужинка.

Потребни состојки:

  • 10 цреши, со извадена семка и исечкани
  • 90g грчки јогурт
  • 60g мазен путер од кикиритки, растопен на собна температура
  • 20g ленено семе

Начин на подготовка:

  • Ставете ги исечканите цреши и грчкиот јогурт во еден сад, па добро измешајте.
  • Во една голема чинија или послужавник ставете на повеќе места по една голема лажичка од црешите и јогуртот и така поделете ги на 10 дела.
  • Ставете ги во замрзнувач и оставете ги да стојат најмалку еден час (по можност и малку подолго).
  • Извадете ги од замрзнувачот и едната половина потопете ја во растопениот путер од кикиритки, потоа посипете со лененото семе.
  • Ставете ги уште малку во замрзнувач, барем еден час, па ќе бидат подготвени за консумирање.

recept-za-vkusna-uzhina-so-grchki-jogurt-i-creshi-koja-decata-kje-ja-obozhavaat-02.jpg

Ставете ги исечканите цреши и грчкиот јогурт во еден сад, па добро измешајте.
Во една голема чинија или послужавник ставете на повеќе места по една голема лажичка од црешите и јогуртот и така поделете ги на 10 дела.
Ставете ги во замрзнувач и оставете ги да стојат најмалку еден час (по можност и малку подолго).
Извадете ги од замрзнувачот и едната половина потопете ја во растопениот путер од кикиритки, потоа посипете со лененото семе.

Ставете ги уште малку во замрзнувач, барем еден час, па ќе бидат подготвени за консумирање.

 

 

 

 

 

Извор: Црно Бело

Поврзани новости