НАЈНОВО

Фудбал

Роналдо: Некои фудбалски моменти не се опишуваат, немав промашено пенал една година

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо беше задоволен по пласманот во четвртфиналето на Европското првенство во Германија.

По изведувањето на пеналите, Португалија ја победи Словенија со 3-0, а Роналдо имаше можност да ја реши работата во првото продолжение, но Јан Облак го одбрани неговиот удар од 11 метри, а Роналдо не можеше да ги задржи солзите.

„Тага на почетокот, радост на крајот. Тоа се фудбалски моменти кои не се опишуваат. Имав шанса да го доведам тимот во водство, но не успеав. Јан имаше одлична одбрана. Не сум промашил ниту еден пенал една година, но кога беше најважно, мислам дека заслужено победивме затоа што Словенија се бранеше речиси цел натпревар. Посебни честитки за нашиот голман кој одбрани три пенали“, рече Роналдо.

Противник на Португалија во четвртфиналето ќе биде светскиот вицешампион Франција, кој во понеделникот со минимални 1-0 ја совлада Белгија.

Поврзани новости