Фудбал

Куче влета на стадионот во Битола и го прекина натпреварот Пелистер-Тиквеш

Неочекуван гостин денеска на стадионот под Тумбе Кафе во Битола. Куче влезе на теренот додека траеше натпреварот меѓу Пелистер и Тиквеш.

Во 15. минута од натпреварот кучето влета на теренот, а судијата за кратко го прекина мечот кој се одигрува во раките на Купот на Македонија.

Четири ножниот посетител беше дел од малкумината кои попладнево дојдоа на стадион за да го бодрат Пелистер.

Кучето реши да си поигра со фудбалерите на двете екипи, по што следуваше едноминутен прекин додека „гостинот“ не беше отстранет од теренот.

Поврзани новости