НАЈНОВО

Битола инфо

СВР Битола: Приведени три лица за дрога, маж пријавил физички напад од поранешна сопруга

На 09.06.2024 на ул. „Кузман Јосифовски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода три лица на возраст од 28, 30 и 28 години сите од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај едното лице била пронајдена и одземена бела грутчеста материја и други предмети со остатоци од наркотична дрога. Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 09.06.2024 во СВР Битола, 39-годишен маж од Битола пријавил дека во заедничкиот дом во Битола бил физички нападнат од неговата поранешна сопруга. од Битола. Се преземат мерки за расчистување на настанот.

Поврзани новости