Скокна цената на „велигденското“ јагне – еве колку чини килограм жива мера

0
Споделивања

Со приближувањето на еден од најголемите христијански празници Велигден, цените на јагнињата на домашниот пазар значително пораснаа, достигнувајќи до 300 денари по килограм жива мера.

Сопствениците на фарми за јагниња изразија оптимизам во однос на продажбата оваа сезона, иако потрошувачите се соочуваат со поголеми трошоции.

„Оваа година нудиме јагниња со одличен квалитет, со тежина од 20 до 30 килограми, по цена од 300 денари за килограм“, ни изјави сопственикот на една локална фарма.

За оние кои сакаат, додава тој, нудиме и дополнителна услуга – колење и чистење на јагнето, со мала доплата.

Сепак, некои купувачи се сомневаат во исплатливоста на оваа инвестиција.

Додека некои семејства сè уште преферираат да купат цело јагне за традиционалниот велигденски ручек, други се одлучуваат за помали количини месо или алтернативни извори на протеини, со цел да ги намалат трошоците за празничната трпеза.

Со оглед на тековните економски услови, оваа тенденција може да продолжи и во иднина пренесува денар.мк.

0
Споделивања
Exit mobile version