НАЈНОВО

Македонија

Состојбата со пожарите не се смирува, 9 активни жаришта во земјата

Изгубени животи, уништени села, пепел и чад на сите страни во Македонија. Пожарите нанесоа катастрофални последици на земјава. Денес се регистрирани 17 пожари, од кои 6 се целосно изгаснати, 5 се ставени под контрола и 6 се активни.

Првиот најкритичен е пожарот на територијата на македоснки број, вториот на територијата на опшптина пробиштип, следат Општина Пласица, пожарот во близина на Охрид и последниот активен пожар во територијата на Општина Долнени. Покрај македонските пожарнкари, припадници на армијата, полицијата и граѓани кои што доброволно се вклучени на испомош, пожарите ги гаснат и пожарникари од странство.

„Во овој момент со европскиот механизам за заштита и спасување на територијата на државата има ја имаме следната странска помош: Еден хеликоптер од србија, еден од чешка, еден од словенија, два од унгарија, како и по два ер трактори од чешка и унгарија. Воедно на помош е пристигнат тим од унгарија со 46 лица со спцијални теренски возила со кои можат да се движат по тешко пристапни терени.“ – вели Стојанче Ангелов директор на Центарот за управување со кризи.

Под целосна контрола се ставени пожарите во општина Кратово, Кочани, Македонски брод, Свети николе и Пробиштип. Додека целосно угаснати се 6 пожари. Два на територијата на град Скопје, пожарот кај Ново село кој беше реактивиран и повторно изгаснат, пожарот во атарот на пробиштип, и последниот изгаснат пожарот е на територијата на општина Лозово.

Пожарите не предизвикаа само материјални штети, тие му нанестоа и голема штета на еко-системот. Загадувањето на воздухот и последиците врз земјоделските култури се непроцелниви. Според дел од експерите потребни се сто години да се обнови се што е изгорено.

Поврзани новости