Со промената на климата нѐ очекуваат нови болести кои ќе ги пренесуваат инсектите

0
Споделивања

Професорот од Биолошкиот факултет од Белград, Жељко Томановиќ изјави дека во наредните децении во Европа се очекува појава на болести кои претходно не постоеле, а се поврзани со инсектите, па поради тоа мора да се промени и прилагоди начинот на нивно сузбивање.

Тој кажа дека Светската здравствена организација проценува дека 85 отсто од светската популација е изложена на најмалку една болест која ја пренесуваат комарците или некои други инсекти. Статистиката покажува дека секој десетти човек на планетата, кој било кога е роден, починал од некоја болест која ја пренесуваат инсектите.

„Комарците се тука десетина милиони години. Значи, ние едноставено немаме никакви шанси против нив, за да ги уништиме целосно. И нема потреба од тоа. Комарците мора да се сузбиваат и да се контролираат на одреден терен“ наведува Томановиќ.

Тој исто така додава дека со менувањето на климата доаѓаат и нови врсти на комарци, па поради тоа е неопходно да се прилагоди начинот на кој се сузбиваат комарците.

„Можеме многу да научиме од развиените европски земји, како тие го прават тоа. Тоа сузбивање мора да биде одржливо. Тоа подразбира примена на инсектициди, хемиклаии во одредени услови и околности“ вели Томановиќ.

Според него не треба со уништувањето на комарците да се загрозува и се друго.

Извор: Н1

0
Споделивања
Exit mobile version