Стипендисти на КС Групација 2023/2024 година

0
Споделивања

КС Групација минатата година ја започна програмата за стипендирање која е резултат на стратегијата за општествена одговорност чиј основен постулат е вложување во иднината на новите генерации. Програмата за стипендирање на КС Групација ги опфаќа средношколците и студентите и вклучува двомесечна платена пракса со менторска подршка во канцелариите на Групацијата во Битола. Стипендиите кои ги доделува КС Групацијата имаат формат на годишно стипендирање со исплати на месечно ниво вклучувајќи 10 месеци стипендирање плус 2 месеци платена пракса.

 

Изминатиов период програмата за стипендирање беше активно промовирана на неколку единици од Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола се со цел студентите да се запознаат со можностите кои ги нуди самата програма.

Практикантскиот дел од програмата за стипендирање претставува неверојатна прилика за стипендистите да стекнат практично искуство, да го зголемат своето знаење и да се подготват за идната кариера. Стипендистите кои се веќе дел од оваа програма работат со врвни професионалци во своите области и имаат можност да се запознаат со најновите трендови во работењето. Од првиот ден, стипендистите се вклучени во реални проекти каде имаат прилика да го покажат своето знаење и вештини, но во исто време и да научат многу нови работи. Под менторство на искусните вработени од КС Групацијата, младите талентирани стипендисти успеваат да го прошират своето знаење и да ја искристализираат насоката на својот професионален развој. Учеството во оваа програма не само што му обезбедува важни практични знаења туку им носи и непроценливи врски со професионалци во различни области и од различни сектори.

Најважен аспект од практиканството е тоа што од првиот момент стипендистите стануваат дел од тимот и почнуваат да работат во стимулативна околина која поттикнува креативност и иновативност. Со искуствата и знаењата кои ги стекнуваат стипендистите за време на двомесечната пракса која е дел од програмата за стипендирање на КС Групацијата, тие излегуваат подготвени за предизвиците во професионалниот свет, но и мотивирани да ја обликуваат иднината на индустријата.

КС Групацијата со задоволство го проширува хоризонтот на овие млади луѓе поддржувајќи ги нивните амбиции и професионален раст. Практикантската програма е доказ за посветеноста на компанијата во инвестирање во иднината со што обезбедува долготраен успех и оджлив развој на целата заедница.

Стипендистите кои имаа привилегија да бидат дел од програмата за стипендирање на Групацијата и кои веќе учествуваа во двомесечната пракса го опишуваат своето искуство како клучен момент во нивниот професионален развој. Со комбинација од теоретско знаење и практична примена на знаењето оваа пракса им понуди непроценлива можност да се запознаат со реалните предизвици и одговорности во професионалниот свет. За време на праксата стипендистите работеа со професионалци од КС Групацијата, учејќи од нивните богати искуства и добивајќи повратни информации за своите задачи. Тие се соочија со диманичната природа на деловните процеси, а во исто време имаа прилика да се вклучат во различни проекти кои го продлабочија нивното разбирање за деловниот свет.

Менаџерскиот тим на КС Групацијата со голема радост ги поздравува напорите на овие млади индивидуалци признавајќи го нивниот труд и посветеност. Праксата која е дел од програмата за стипендирање е одличен пример за посветеноста на КС Групацијата кон развојот на млади таленти. Стипендиите кои ги доделува оваа групација се мост за поврзување со идните професионалци кои ќе бидат лидери и носители на општествениот прогрес на нашата земја.

Повеќе информации во врска со програмата за стипендирање на КС Групација прочитајте на следниот ЛИНК.

 

 

 

 

 

 

 

 

0
Споделивања
Exit mobile version