Трета година по ред Виена е прогласен за најдобар град за живеење во светот

0
Споделивања

Веќе трета година по ред, Виена е прогласена за најпогоден град за живеење во светот, покажуваат резултатите од најновиот годишен глобален индекс на услови за живот на „Економист интелигенс унит“ (EIU).

Индексот ја рангира животната состојба на 173 градови во пет клучни категории, вклучувајќи стабилност, здравство, култура и животна средина, образование и инфраструктура.

По Виена, која има просечна оценка 98,4 од максимални 100, следат Копенхаген (98), Цирих (97,1), потоа Мелбурн (97), Калгари и Женева (96,8).

Првите 30 западноевропски градови на овогодинешното рангирање имаа импресивна просечна оценка од 92 од максимум 100.

Покрај Мелбурн, уште три азиско-пацифички града се меѓу првите десет: Сиднеј (Австралија), Осака (Јапонија) и Окланд (Нов Зеланд), додека канадскиот Ванкувер е на осмото место.

Конфликтот на Израел со Хамас резултираше со Тел Авив да има најголем пад во рангирањето, паѓајќи од 20. на 112. место.

Најголем пораст на поени забележаа градовите во ОАЕ (Абу Даби, Дубаи) и Саудиска Арабија (Ријад, Џеда и Ал Хобар).

Во тој регион има и градови кои се најмалку погодни за живеење: Алжир, Триполи и Дамаск.

0
Споделивања
Exit mobile version