УЕФА го казни Лацио со 60.000 евра и нареди затварање на два сектори на трибините

0
Споделивања

Италијанскиот тим на Лацио е казнет со речиси 60.000 евра и условна казна да затвори дел од својот стадион, откако навивачите кренаа навредлив транспарент за време на натпреварот со Селтик во Лигата на шампионите.

Последниве години имаше доста затегнати односи меѓу поддржувачите на двата тима.

УЕФА го казни Лацио со 25.000 евра и нареди делумно затворање на секторите 48 и 49 на северната трибина на Олимпико каде што седат најекстремните ултраси на Лацио – за следниот натпревар на УЕФА поради „дискриминаторското однесување на неговите приврзаници“. Ова е условна казна во наредните две години.

Изречени се и казни од 16.750 евра за палење пиротехнички средства и 18.125 евра за фрлање разни предмети на терен.

0
Споделивања
Exit mobile version