НАЈНОВО

Фудбал

Фудбалерите на Пелистер ги започнаа подготовките во Битола, целта стабилен прволигаш

Фудбалерите на Пелистер денес во Битола , под Тумбекафе ги започнаа подготовките за за новата прволигашка фудбалска сезона, а како беше кажано на денешната прозивка, целта е јасна Пелистер да биде стабилен член на Првата фудбалска лига. На првата прозивка присуствуваа и новајлиите во Пелистер, на исто така им беше искажано добредојде.

Претседателот на Пелистер, Митко Стојковски во име на Управата на клубот рече:

-Сакам на сите да ви посаќам успех и среќа во новиот почеток, настапи во една фудбалска категорија повисока, Прва лига и да одговориме согласно на новиот предизвик кој е пред нас. Ви посакувам прво успешни подготовки. Ако минатат сезона имавме императив влез во Прва лига, овој пат тоа, според мене и стручниот штаб тоа е ние оваа година треба да го стабилизираме клубот на новото прволигашко ниво. Организационо треба да се подигнеме на повисоко ниво, да бидеме финансиски стабилни за да можеме да функционираме и вие да имате учинок како сите посакуваме кој знаеме да го вреднуваме. Во стартот на сезоната да влезиме максимално подготвени и да ги “бркаме“ зацртаните цели. Треба да бидеме приземни, иако Пелистер е име во македонскиот фудбал се наоѓаме на нов почекот, знаеме колку ни е силата, со што располагаме и кои ни се конкурентите. Но покрај се ние можеме да направиме резултати со кои ќе бидеме на средина на табелата, а ако ни се укаже прилика за нешто повеќе секако тоа ќе го искористиме.

За нови засилувања Стојковски додаде:

-Ќе имаме уште некои засилувања што е нормално ако сакаме да го засилиме тимот на позиции на кои сметаме дека тоа е потребно. Тоа е работа на стручиот штаб и се потрудиме да имаме што покункурентен тим за оваа сезона.

На првата прозивка оваа година на фудбалерите им се обрати тренерот на Пелистер, Влатко Костов кој им посака успех во оваа сезона.

-На прозивката и на официјалниот старт на подготовките на сите им посакам успешна сезона и добро здравје. Што се однесува до некои фудбалери кои денес на ги гледате во тимот е поради тоа што ние не се договоривме или поради тоа што не ги прифатија условите кои им беа понудени од Пелистер. Ние име три нови фудбалери, а се надевам дека ќе имаме уште 4-5 фудбалери кои ќе ни се приклучат. Пелистер ќе има ростер кој наредната сезона рамноправно ќе се носи со останатите прволигашки екипи, а за тоа како ќе се одвиваат подготвките додаде:

-Уште од среда ќе започнеме со два тренинзи дневно, а пријателските натпревари ќе ги започнема на 14 јули, а подготовките ќе ги завршиме на 3 август со контролен натпревар. Ќе играме пријателски натпревари против Новаци, Силекс, Гостивар, Воска, Работнички и Влазрими. Се надевам дека Пелистер ќе биде стабилен прволигаш, но ако ни се укаже шанса ќе направиме нешто повеќе. По прозивката и краткиот состанок со фудбалерите Костов и неговите помошници ги одработија и првиот тренинг.

Поврзани новости