НАЈНОВО

Македонија

ЦУК: Шест активни пожари, еден ставен под контрола

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека во текот на вчерашниот ден на територијата на Македонија имало вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои активни се 6, под контрола е 1 и изгаснати се 27.

Активни се пожарите во Општина Прилеп: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец-с.Чумово-с.Селце, во Општина Чашка, Општина Петровец, Општина Штип, Општина Чучер-Сандево и Општина Долнени.

За пожарот на прилепската територија, од ЦУК појаснија дека активни се краците кон селата Крушевица, Чумово и Селце и накај место викано „Чуле“ на Селечка Планина.

Под контрола е ставен пожарот кај градската депонија во Општина Крушево.

Изгаснати се пожарите во Општините Кратово, Ѓорче Петров, Виница, Делчево, Кочани, Куманово, Липково, Битола, Росоман, Брвеница, Тетово, Гостивар, Врапчиште, Гевгелија, Струга, Кичево, Боговиње, Крушево, Сарај.

Поврзани новости