19-годишен прилепчанец тешко повреден во сообраќајна несреќа

0
Споделивања

Деветнасетгодишник од Прилеп излета од патот во сообраќајна несреќа што се случи на улицата Свети Наум Охридски.

„Патничко возило ‘ауди’, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т. П. (19) од Прилеп, излетало од коловозот. Во несреќата возачот добил тешки телесни повреди констатирани во прилепската болница“, информираа од МВР.

Увидот го извршила полициска екипа.

0
Споделивања
Exit mobile version