НАЈНОВО

ЗабаваЗанимливости

Алкохолот е штетен за многу места во светот, но не и во Јапонија

Многу добро познато ни е дека алкохолот и тоа како е штетен за нашето здравје, па зтоа во одредени земји постојат рестрикции за неговата конзумција, но што се случува со Јапонија. Имено во оваа земја, пред извесно време владата донесе таква одлука со што ги охрабри младите да конзумираат алкохол.

Имено, во Јапонија, потрошувачка на алкохол е многу голема, а особено е вчудоневидувачки што во оваа земја, луѓето кои се инволвирани во деловниот свет се „обврзани“ да се опијанат во барови после работа.

Drunk and unconscious businessman lying on a counter

Иако во секој стереотип има одредена вистина, вистината е дека во Јапонија има многу барови и во нив не се консумира само алкохол. Има многу места каде што можете да пиете алкохол, вклучувајќи јавни паркови и клупи на улиците, па дури и јавен превоз. Имено, легално е да се пие на улица и во парк, освен ако не е приватна сопственост која исклучиво го забранува, но јавните места не спаѓаат под оваа забрана.

Во градскиот железнички систем можете дури и да купите алкохол во вагоните, а можете да отворите конзерва или шише во градските автобуси без никаква казна. Дозволено е дури и во автомобили, се додека алкохолот го консумираат сите освен возачот, кому сè уште му е забрането тоа.Сепак, казните за оние кои возат и кои ќе се осмелат да земат макар и една чаша алкохоен пијалок. може да бидат и до 10 илјади долари и до 5 години затвор, а дозволената количина на алкохол во крвта е само 0,03 промили.

Лесно е дури и да се продаде алкохол бидејќи нема посебна лиценца за тоа, па некој може да отвори ресторан и не му треба дополнителна лиценца за продажба на алкохол. Но, постои посебна дозвола за продажба на алкохол по полноќ, чиј недостаток повлекува високи казни.

И она што изненадува е дека потрошувачката на алкохол по глава на жител опаѓа во последните години, што доведе до започнување на владина кампања во која младите излегоа со слоган за консумирање алкохол. Слоганот „Sake Viva“ победи. Во 2020 година, 1,7 отсто од даночните приходи во Јапонија беа од продажба на алкохол, што е намалување од 3 отсто во 2011 година и дури 5 отсто во 1980 година. И додека многу земји се обидуваат да ги обесхрабрат младите да консумираат алкохол, Јапонија се прашува колку ќе заработи од алкохолот.

Поврзани новости