НАЈНОВО

ЗабаваЗанимливости

Црната месечина е во знакот на Лав: Овие хороскопски знаци треба најповеќе да внимаваат

Црната месечина, позната и како Лилит, влезе во знакот Лав, а тоа значи само едно – суетата е многу нагласена. Како резултат на тоа, семејните и партнерските односи може да страдаат. Овој аспект ќе биде присутен до 4 октомври годинава, а во продолжение ќе дознаете што значи за секој хороскопски знак.

За среќа, не е се така црно…

Овен

Ви препорачуваме да се чувате од флерт и измами, бидејќи тие нема да останат незабележани. Наместо тоа, фокусирајте се на фитнесот и вежбањето.

Бик

Може да доживеете непријатности со недвижен имот и ви препорачуваме да бидете внимателни. Овде пред се мислиме на купување, додека продажбата и уредувањето на просторот ќе се одвива непречено.

Близнаци

Црната месечина негативно ќе влијае на семејните односи, бидејќи може да се појават недоразбирања и завист. Исто така, можни се непријатности за време на патувањето, а се советува посебна внимателност со документите и картичките.

Рак

Во вашиот случај, финансиите ќе бидат на удар. Заборавете на лесните пари и нереалните ветувања, колку и да изгледаат привлечни.

Лав

Како што споменавме во воведот, суетата и зависта можат да ви го заматат умот, особено на работа. Во август избегнувајте да одите на козметички третмани и внимавајте да не се отуѓите од децата, доколку ги имате.

Девица

Очекувајте да се повлечете во себе, и да ги потиснете емоциите, додека во втората половина од годината ќе дојде до олеснување и препознавање на перфекционизмот и нарцизмот, кои доаѓаат од несигурноста.

Вага

Ве очекуваат предизвици на работа и со членовите на семејството. Размислете внимателно за потенцијалната деловна понуда и зајакнете го вашето трпение и ментална сила во домот.

Шкорпија

Слично на претходниот знак, на повидок се прифатливи понуди во вид на подобрување на статусот, но зад нив често се кријат задни намери. Исто така, можно е некои тајни да излезат на површина, без поголеми последици.

Стрелец

До октомври можни се пречки со издавање на дипломи и уверенија, односно патувања во странство и преселби. Од друга страна, успехот ви се насмевнува на љубовно поле.

Јарец

Црната месечина ви кажува добро да размислите пред да земете заем. Исто така, заборавете на модата и непотребниот луксуз.

Водолија

Можете да здивнете, бидејќи ви претстои разграничување во деловната и приватната сфера. Ќе можете точно да идентификувате што е проблемот во врската.

Риба

Подгответе се за бура на работа, бидејќи на виделина ќе излезат претходните недоразбирања и проблеми. Но и на тоа ќе му дојде крајот. Може да имате дефекти во куќата, но обидете се да останете стабилни.

Поврзани новости