НАЈНОВО

ЗабаваЗанимливости

Музеј на мамурлук – Ги собира вашите „пијани“ приказни и ги споделува со светот

Дали некогаш сте се разбудиле мамурно после пијана ноќ и сте ги слушнале вашите пријатели како ги раскажуваат вашите луди приказни? Се чудите и едноставно не знаете кога се случило тоа. Не алудираме и далеку од тоа дека препорачуваме да доживеете вакви исуства, само споделуваме една информација која е навистина луда идеја што се претворила во реализиација. Станува збор за музеј кои ги споделува токму тие приказни.

Овој уникатен музеј, прв од ваков вид во регионот, собира и презентира приказни за најнеобичните искуства од пијаната ноќ. Приказните што ги споделува се дел од она што луѓето го паметат по извесно време од таа ноќ.

Т.н. музеј на мамурлак е создаден на крајот на 2019 година. Идејата се родила по Пиво фестот, кога основачите на музејот се обидувале да се потсетат на настаните од претходната вечер. Музејот се наоѓа во Загреб, а настанал, како што велат, кога еден од пријателите после една луда ноќ пронашол педала за велосипед во џебот.

Колекцијата на предмети беше собрана од пријатели и познаници. Целта на музејот е пред се добра забава, па дури и има образовна позадина. Во музејот на мамурлакот има просторија која претставува „точка на размислување“. Во огледалото секој може да види како изгледа кога се забавува лудо или кога е мамурен наутро.

Освен тоа, музејот јасно сака да ги истакне сите проблеми на алкохолот, односно другата страна која остава долгорочни и краткорочни спомени. Во музејот има и симулатор за возење во пијана состојба каде посетителите можат да почувствуваат како тоа би изгледало, нешто што никогаш не треба да го пробаат надвор од музејот.

Оваа интересна поп-ап изложба во музејот се состои од околу педесет приказни и повеќе од триесет предмети од целиот свет.

Поврзани новости