Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава

Битолската Алхамбра, локација за новиот спот на Тамара Стојковска

admin 11/02/2023 00:00
received_893296551821324-1

Старата архитектура на градот Битола, која припаѓа на неокласицизмот, честопати била „во кадар„ за бројни снимања, но последниот сингл на талентираната поп-пејачка Тамара Стојковска „Што ќе остане„ е снимен во енетриерот на еден од највредните репрезенти на таа архитектира, некогашната Солунска банка, позната како Алхамбра куќата во Битола, која по снимањето на спотот влезе во фаза на целосна реконструкција. Па така, новиот спот на Тамара ќе биде спомен за историјата како изгледаше овој објект пред неговата комплетна реконструкција.

За себеси, Тамара ќе каже дека е со музиката откако знае за себеси. Настапувала од мали нозе на детски фестивали, по завршувањето на основното и средно музичко училиште, запишува студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје, кои ги завршува и така официјално започнува нејзината професионална кариера. Позади себеси има стотици настапи како солист со Камерениот оркестар на Битола, на Битолскиот дувачки оркестар, како вокал во бендови, од кои Funk’d Up е нејзин матичен бенд со кој ја крстосува Македонија од 2019год.
Поп музиката е нејзин идеален простор, но заради музичкиот бекграунд, како школуван музичар, таа настапувала со хоровите ПроАрс, Драган Шуплевски и Женскиот младински хор при МКЦ, а била и хорист со Македонската Филхармонија и Македонската Опера и балет.

Позади себеси бележи квалитетна соло кариера, па од 2019 година издава неколку синглови Друга Ѕвезда, Кажи нешто ново, Жедни, Не ме оставај…

„Кога станува збор за градењето на мојот стил и создавањето музика, секогаш почнувам од тоа која сум јас, како се чувствувам, која емоција имам потреба да излезе од мене преку песна. Тие работи ги дискутирам со тимот што работам на старт и според тоа бираме насока во која ќе се работи новата песна. Уметноста нели е начин на изразување, и јас најкомотно се изразувам преку музиката.
Обожавам кога соработувам со колеги музичари и изведувачи од било која друга уметност. Верувам дека посебна магија се создава кога повеќе уметници ќе си ја отворат душата на исто место„-изјави Тамара за последниот нејзин проект.

Најновото остварување „Што ќе остане„ кое деновиве ја имаше својата промоција го потпишува Коста Хаџикојчев кој е комплетен автор на новата песна на Тамара, Ѓорѓи Вацев стои позади продукцијата на видео спотот, кореографијата е на Бобан Русески, танчери се Сара Цветковска и Бобан Русески.

„Не сакам кога луѓето споредуваат артисти или очекуваат некој да биде како некој друг. Обожавам и внимателно анализирам конструктивна критика, меѓутоа верувам дека еден музичар може да создаде нешто автентично само ако е искрен и свој. Колку и да е клише, добро познатата изрека дека уметноста не треба да ти биде допадлива туку треба да направи да почувствуваш нешто, дефинитивно има смисла„- додава Тамара која со нетрпение ги очекува реакциите на публиката за нејзиниот нов сингл.

Continue Reading

Претходно: Концерт на “Пијан Славеј” во Битола
Следно: Најстудено во Берово и во Битола, најтопло во Дојран

Поврзани вести

socijalni-mrezi
  • Забава
  • Занимливости

Тренд од 2016 година: Причина зошто социјалните мрежи се преплавени со фотографии од тој период

Шеталиште 23/01/2026 14:35
citanje-kniga
  • Забава
  • Занимливости

Истражување: Луѓето што редовно читаат книги живеат 23 месеци подолго од оние што воопшто не читаат

Шеталиште 23/01/2026 14:33
Chipichan
  • Забава
  • Занимливости

Чипичанот го прослави својот 30 роденден: омилен и кај Зет-генерацијата

Шеталиште 20/01/2026 14:45
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст image-245086 1
  • Македонија

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст

23/01/2026 14:52
Пет добро платени, но непосакувани професии во Германија Komunalci 2
  • Вести
  • Свет

Пет добро платени, но непосакувани професии во Германија

23/01/2026 14:29
Јужна Кореја – прва земја во светот со сеопфатен Закон за употреба на ВИ vestacka-inteligencija 3
  • Вести
  • Свет

Јужна Кореја – прва земја во светот со сеопфатен Закон за употреба на ВИ

23/01/2026 14:27
„Приказната за Силјан“ пред прилепската публика scena-od-siljan 4
  • Вести
  • Прилеп инфо

„Приказната за Силјан“ пред прилепската публика

23/01/2026 14:19
Извршени првите тренажни летови со „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување Er-traktori 5
  • Вести
  • Македонија

Извршени првите тренажни летови со „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување

23/01/2026 14:12

Можеби сте пропуштиле

image-245086
  • Македонија

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст

Шеталиште 23/01/2026 14:52
socijalni-mrezi
  • Забава
  • Занимливости

Тренд од 2016 година: Причина зошто социјалните мрежи се преплавени со фотографии од тој период

Шеталиште 23/01/2026 14:35
citanje-kniga
  • Забава
  • Занимливости

Истражување: Луѓето што редовно читаат книги живеат 23 месеци подолго од оние што воопшто не читаат

Шеталиште 23/01/2026 14:33
modna-nedela-pariz
  • Живот
  • Мода и убавина

„Луј Витон“ ја отвори Модната недела во Париз

Шеталиште 23/01/2026 14:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани