Благојче Дамевски ќе ја предводи Победа во пролетниот дел

0
Споделивања

Едно од најславните имиња на прилепчани во последните две декади, Благојче Дамевски ќе биде новиот тренер на Победа низ пролетниот дел од шампионатот.

Дамевски, кој е поранешен долгогодишен капитен на Победа, беше дел од стручниот штаб на тимот во есенскиот дел а сега и дефинитивно ќе го преземе кормилото на тимот во пролетниот дел, по заминувањето на досегашниот тренер Бобан Бабунски.

Бабунски замина од Победа на едно коло пред крајот од есента поради финансиски проблеми, а денеска е именуван за нов тренер на Пелистер.

Првата прозивка на Победа ќе биде на 9.јануари.

0
Споделивања
Exit mobile version