Битолчанец на чело на КК Пелистер, Александар Петровиќ нов тренер

0
Споделивања

Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола изврши промена на тренерската позиција. Нов тренер на Пелистер е Александар Петровиќ кој доаѓа на местото на Дарко Радуловиќ на кого му престана договорот со клубот.

Александар Петровиќ е едно од најистакнатите македонски кошаркарски имиња, кое е ангажиран од страна на клубот со цел со негода ги оствари сопствените шампионски амбиции за следната сезона и атакува на трофеите на домашната кошаркарска сцена.

Се очекува деновиве официјалната промоција меѓу „пелистерци“.

Александар Петровиќ каде се враќа во Битола по 16 години, откако во сезоната 2007/08 ги предводеше во најсилниот домашен шампионат.

52-годишниот Александар Петровиќ беше прогласен за најдобар тренер на Македонија за 2022 година, во која успеа да го однесе МЗТ Скопје во најсилната АБА лига, притоа освојувајќи ја и шампионската титула со „металците“. Токму МЗТ Скопје, со кого се раздели во 2023 година, беше и негов последен тренерски ангажман. Претходно ово својата кариера беше и на клупите на Академија ФМП, Куманово и Карпош Соколи.

ФОТО и инфо: Битолањуз

0
Споделивања
Exit mobile version