Ждребот е денеска во Монако: ЛШ ќе има нов формат, за првпат со 36 учесници, а Македонија е со четири претставници

0
Споделивања

Новото издание од Лигата на шампионите е на прагот, за првпат со 36 учесници и во нов формат, а ждрепката ќе се одржи денеска од 18 часот во Монако. Секој од 36-те клубови ќе има осум натпревари против различни противници, четири дома и четири на гости. Истото важи и за Лигата на Европа.

Пред ждрепката, 36-те клубови се поделени во четири шешири со по девет тимови, рангирани според коефициентот. Секој тим ќе биде извлечен против два противника од шеширот, од кои еден меч ќе биде дома, а другиот на гости.

Во групната фаза не можат да се сретнат тимови од иста земја, а може да бидат извлечени против максимум два клуба од истата држава.

Ждрепката ќе биде комбинација од рачно извлекување и компјутерски одредби.

Сите 36 клубови ќе бидат рачно извлечени со користење на топчиња, а потоа автоматизиран софтвер ќе ги извлече осумте противници од четирите шешири. Тие ќе бидат прикажани на екран во салата за ждрепка и на ТВ екраните.

Софтверот ќе одлучи кои натпревари ќе бидат дома, а кои на гости за клубовите.

Ждрепката ќе започне со првиот шешир, доделувајќи осум противници за сите девет екипи. Ќе продолжи по опаѓачки редослед, додека на сите тимови не им бидат доделени осум ривали.

Клубовите ќе ги знаат сите противници до крајот на ждрепката, но листата на натпревари со датуми и термини ќе биде дополнително изработена и објавена во сабота, 31 август.

Црвена Звезда ќе добие два клуба од третиот шешир во кој се наоѓа, а тука е и Динамо Загреб. Постои можност за историски дуел на „Максимир“ во Загреб или на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.

ШЕШИРИ НА ЖДРЕПКАТА ЗА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Прв шешир: Реал Мадрид (Шпанија), Манчестер сити (Англија), Баерн Минхен (Германија), ПСЖ (Франција), Ливерпул (Англија), Интер (Италија), Борусија Дортмунд (Германија), Лајпциг (Германија), Барселона (Шпанија).

Втор шешир: Баер Леверкузен (Германија), Атлетико Мадрид (Шпанија), Аталанта (Италија), Јувентус (Италија), Бенфика (Португалија), Арсенал (Англија), Клуб Бриж (Белгија), Шахтјор (Украина), Милан (Италија).

Трет шешир: Феенорд (Холандија), Спортинг (Португалија), ПСВ (Холандија), Салцбург (Австрија), Динамо Загреб (Хрватска), Лил (Франција), Црвена звезда (Србија), Јанг Бојс (Швајцарија), Селтик (Шкотска).

Четврти шешир: Слован (Словачка), Монако (Франција), Спарта (Чешка), Астон Вила (Англија), Болоња (Италија), Џирона (Шпанија), Штутгарт (Германија), Штурм (Австрија), Брест (Франција).

0
Споделивања
Exit mobile version