Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Моја кујна
  • Рецепти

Велигденска чоколадна торта: Мирис и вкус на празниците

admin 14/04/2023 00:00
torta

Велигденските празници направете ги уште поубави подготвувајќи превкусна празнична торта. А која торта е најубава? Се разбира, чоколадната.

Тортата декорирајте ја во духот на празниците – со чоколадни јајца или со чоколадно зајаче за свечената велигденска трпеза.

Намирници за бисквитот

4 јајца,

100 гр шеќер,

1 ванилин шеќер,

100 мл масло,

70 гр остро брашно,

30 гр какао во прав,

половина ќесичка прашок за пециво.

Намирници за чоколадниот крем

500 мл слатка павлака за шлаг,

300 гр чоколадо за готвење,

200 гр млечна чоколада.

Подготовка

Помешајте го брашното со прашокот за пециво и какаото, па ствете го настрана. Белките од јајцата измиксајте ги во цврст снег. Жолчките пак, пенесто измиксајте ги со шеќерот и ванилиниот шеќер, па додадете масло. Неизменично додавајте по малку од сувите состојки, по малку од белките и нежно мешајте ја смесата додека сите состојки се соединат.

Со мрсна хартија за готвење обложете го дното на калапот за печење (26 см), па претурете ја подготвената бисквитна смеса. Бисквитот печете го 15-20 минути на температура од 180 степени. Со чепкалка проверете дали е испечен.

Оставете го бисквитот во калапот за торта и оставете 15-на минути да се излади на собна температура. Во меѓувреме подгответе го чоколадниот крем. Во лонче ставете ја павлаката за шлаг и искршената чоколада и загревајте го кремот на ниска температура додека чоколадата се стопи. Чоколадниот крем претурете го врз бисквитот. Тортата прво изладете ја сосема, на собна температура, а потоа во фрижидер (најдобро преку ноќ).

За украсната декорација на тортата ќе ви треба чоколадно зајче (поголемко), мини-чоколадни јајца и малку зелен кокос кој ќе имитира трева. Зелениот кокос ќе го добиете на тој начин што на кокосот ќе му додадете зелена боја за готвење. Обоениот кокос распоредете го врз тортата, па украсете со чоколадниот зајак и јајцата.

Continue Reading

Претходно: Десетици шпански плажи го забранија пушењето цигари
Следно: Дневен хороскоп (14.04.2023)

Поврзани вести

image4
  • Рецепти

Одличен појадок: Интегрален тост со авокадо и салмон

Шеталиште 05/02/2026 08:25
Protein-pancakes-b64bd40
  • Рецепти

Класични протеински палачинки со овес и банана

Шеталиште 04/02/2026 07:45
20260203100604_big_730x400_99
  • Рецепти

Супа со кнедли од брокула

Шеталиште 03/02/2026 09:25
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Се возобнови прилепскиот дувачки оркестар со поддршка на Општина Прилеп 9 1
  • Македонија

Се возобнови прилепскиот дувачки оркестар со поддршка на Општина Прилеп

06/02/2026 13:04
На 6. февруари во 1945 година во Битола е одржан првиот наставен час на современ македонски јазик 00000001-497-660x458 2
  • Битола инфо

На 6. февруари во 1945 година во Битола е одржан првиот наставен час на современ македонски јазик

06/02/2026 08:05
Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД 20260205184214_big_730x400_52 3
  • Македонија

Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД

06/02/2026 08:03
Денеска се празнува Преподобна Ксенија – Од нејзините мошти многумина болни добија исцеление image-245886 4
  • Македонија

Денеска се празнува Преподобна Ксенија – Од нејзините мошти многумина болни добија исцеление

06/02/2026 08:01
Променливо облачно и врнежливо време, за викенд пообилни врнежи и заладување dozd-cador-1 5
  • Македонија

Променливо облачно и врнежливо време, за викенд пообилни врнежи и заладување

06/02/2026 07:54

Можеби сте пропуштиле

9
  • Македонија

Се возобнови прилепскиот дувачки оркестар со поддршка на Општина Прилеп

Шеталиште 06/02/2026 13:04
IMG_0381
  • Настани

Сефедин Бајрамов со концертот „Прстен за неа“ на 12 февруари во Битола

Шеталиште 06/02/2026 11:17
mtf-poster-datumi-1-1
  • Настани

Јубилејното 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ од 5 до 12 јуни во Прилеп

Шеталиште 06/02/2026 11:11
00000001-497-660x458
  • Битола инфо

На 6. февруари во 1945 година во Битола е одржан првиот наставен час на современ македонски јазик

Шеталиште 06/02/2026 08:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани