НАЈНОВО

ЗабаваШоубиз

ВИДЕО: Едвард Нортон откри дека славната Покахонтас е негова прабаба

Сте знаеле ли дека Покахонтас, хероината на истоимениот цртан на Дизни е всушност инспирација од вистинска личност која навистина живеела на овој сет, а приказната што се случува во цртниот филм всушност до некаде го следи нејзиниот живот. Се разбира, кога нешто е наменето за децата како публика, бајковитоста и добрината на ликовите е неизбежна, но што била вистината?

Имено, од неодамна е пткриено дека романтизираната и митологизирана ќерка на индискиот поглавар од 17 век, Покахонтас е всушност 12-та прабаба на актерот Едвард Нортон.

Едвард Нортон, позната холивудска ѕвезда, во една епизода од документарната серија на PBS „Finding Your Roots“ дознал дека е потомок на Индијка која се омажила за доселеник од Вирџинија, Џон Ролф, пренесува CNN.

Историчарот и водител Хенри Луис Гејтс Јуниор му потврдил на актерот дека долгогодишните семејни гласини се вистинити, велејќи му на Нортон дека постои документ кој докажува дека неговото семејство директно потекнува од Покахонтас и Џон Ролф и дека легендарната Индијка е негова 12-та прабаба.

Според Гејтс, парот се венчал на 5 април 1614 година во Џејмстаун, Вирџинија – додека Вилијам Шекспир бил сè уште жив. Тој додаде дека документите откриваат дека Покахонтас починала три години подоцна во Гравеснд, Англија, додека Ролф умрел во пролетта 1622 година.

На почетокот на 17 век, Покахонтас ги пречека англиските доселеници во она што сега се Соединетите Американски Држави. Легендата вели дека таа го спасила животот на капетанот Џон Смит, запирајќи ја неговата егзекуција..

Емисијата, која ја следи историјата на предците на познатите, исто така откри дека третиот прадедо на Нортон, Џон Винстед, поседувал семејство на робови, вклучувајќи 55-годишен маж, 37-годишна жена и пет млади девојки, на возраст од 4, 6, 8, 9 и 10 години.

Нортон во емисијата изјавил дека го истражувал своето потекло пред да се појави во „Find Your Roots“ и признал дека не бил задоволен од сето она што го научил за своите предци.

Тоа не е суд за вас и вашиот сопствен живот, туку е суд за историјата на оваа земја и тоа прво треба да се препознае, а потоа да се бориме со тоа“, рече актерот.

Поврзани новости