НАЈНОВО

ЗабаваШоубиз

Бидејќи има тетоважа од Путин на градите, откажан е настапот на руски познат балетан во Милано

Раководството на театарот Арчимболди во Милано го откажа настапот на балетанот Сергеј Полунин, кој го обожава Путин и има три тетоважи од неговиот лик, од кои едната е на градите, пишува Index.hr.

Рускиот балетан требаше два пати да настапи во Милано на крајот на јануари, но италијанците одлучија дека тоа нема да биде можно поради бројните реакции на социјалните мрежи и во јавноста. Велат дека одлуката е донесена поради морална и политичка одговорност.

Раководството на Арчимболди истакнува дека е на страната на Украина, но дека угостила бројни руски уметници и групата Пуси Рајот.

Инаку, Сергеј Полунин е поранешен директор на Кралската опера во Лондон. Роден е во Украина, а руско државјанство доби во 2018 година. Овој септември тој изведе танц во воена униформа за паднатите руски војници во Узбекистан.

Фотографија на насловна /print screen – you tube

Поврзани новости