Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Ги славиме Светите маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и останатите триесет и шестмина со нив

admin 23/04/2024 00:00
praznik-1

Пострадаа за Христа и стекнаа венци на бесмртна слава во времето на царот Декиј. На заповед од царот, намесникот на Африка му објави на сиот народ дека мора да им принесуваат жртви на идолите. Во спротивно, им се закануваа со страшно мачење. Кога ги слушнаа овие закани мнозина отпаднаа од верата и им се поклонија на идолите. Но, овие четириесетмина маченици останаа непоколебливи, заради што беа изложени на мачење.

Свети Теренциј ги храбреше своите другари со вакви зборови: „Да внимаваме, браќа, да не се откажеме од Христа, нашиот Бог, за и Тој да не се одрече од нас пред Својот Отец небесен и пред Светите ангели!“ Намесникот ги раздели во две групи: триесет и шестемина после биењето и стружењето и потурањето со сол врз отворените рани ги уби со меч.

А првите четворица ги фрли во затвор со тешки окови на вратот, на рацете и на нозете. Но ангел Божји им се јави во затворот и со допир ги ослободи од оковите. Беа повторно изведени и мачени, па повторно фрлени во затворот. Намесникот им нареди на гатачите да соберат што поголем број влекачи, змии и скорпии и да ги затворат во иста одаја со мачениците.

Но, влекачите не сакаа ни да се допрат до Божјите угодници, туку се прибија во еден агол и така прележаа три дена. Кога третиот ден го отворија затворот, отровните животни јурнаа по гатачите и ги искасаа.

Најпосле намесникот ја изрече смртната пресуда над четворицата маченици.

Кога ги водеа на погубување тие радосно пееја псалми и Го фалеа Бога Којшто ги удостои со маченичка смрт.

Чесно пострадаа и се удостоија со Небесното Царство во 250 година.

Continue Reading

Претходно: Утре во Прилеп ќе гласаат 291 болно и изнемоштено лице и 104 затвореници
Следно: Време денес повремено со пороен дожд и грмежи, температурата ќе достигне 14 степени

Поврзани вести

IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
IMG_5820
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

Шеталиште 12/08/2026 13:01
FB_IMG_1786534700001
  • Вести
  • Македонија
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026

Димитар Петковски 12/08/2026 11:40
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови” IMG_5824 1
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

12/08/2026 19:10
Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре IMG_5820 2
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

12/08/2026 13:01
54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026 FB_IMG_1786534700001 3
  • Вести
  • Македонија
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026

12/08/2026 11:40
The Hounds денес слават 18 години рокенрол, музика и приказни што траат FB_IMG_1786533114028 4
  • Прилеп инфо

The Hounds денес слават 18 години рокенрол, музика и приказни што траат

12/08/2026 11:20
Телевизија „Хоризонт“ – нов локален медиум во Прилеп од 9 септември televizija-horizont 5
  • Вести
  • Прилеп инфо

Телевизија „Хоризонт“ – нов локален медиум во Прилеп од 9 септември

12/08/2026 09:20

Можеби сте пропуштиле

IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
IMG_5820
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

Шеталиште 12/08/2026 13:01
FB_IMG_1786534700001
  • Вести
  • Македонија
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026

Димитар Петковски 12/08/2026 11:40
FB_IMG_1786533114028
  • Прилеп инфо

The Hounds денес слават 18 години рокенрол, музика и приказни што траат

Шеталиште 12/08/2026 11:20

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани