Македонија

Православните верници и денеска го празнуваат Божиќ

Православните верници денеска го празнуваат вториот ден од Божиќ кој се нарекува и Собор на Пресвета Богородица во пресрет на утрешниот ден Св. Стефан кој многу семејства го одбележуваат и како семејна слава.

Традицијата вели дека по вчерашниот ден кој треба да му се посвети на семејството и на кој се седи дома, денешниот е оној кога се оди на гости кај роднините и пријателите. За поголемиот дел од граѓаните ова е последниот слободен ден во овој божиќен период и од утре почнува враќањето на редовните обврски.

Утрово централната прослава на вториот ден од Божиќ се одржа во црквата Пресвета Богородица во Скопје.

Поврзани новости