Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Денес е Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски

admin 15/05/2023 00:00
sveti-atanasij

Покрај зимскиот празник на св. Атанасиј (Танасовден – зимен) нашиот народ празнува уште еден празник посветен на овој светец. Тоа е св. Атанасиј, Танасовден – летен, кога се одбележува упокојувањето на св. Атанасиј Велики. Стефан Тановиќ вели дека во Гевгелиско св. Танас го празнувале и мажите и жените. Особено го празнувале орачите за од град.

Во една дописка во цариградскиот весник „Новини“ од 17 јануари 1891 година, пишува за празнувањето на овој празник во селото Мокрени, кое порано припаѓало во Костурската, а тогаш во Кајларската каза. Надвор од селото се наоѓала црквата „Св. Атанас“ во која се служело повеќе пати од семејства кои ги снашла некоја несреќа. Но тука особено свечено се служело на 2 мај (с.с.) кога, како што се вели во овој запис, населението го празнувало денот на својот покровител „Св. Атанас“. Таквото празнување во Костурско се викало „отпевание панаир“.

Еве како се правело тоа отпевание, според овој запис. Жените ги варосувале и ги чистеле куќите, а мажите носеле и натокмувале сè што било потребно за очекуваниот празник. Претходниот ден жените меселе и печеле леб наутлија и најпосле секоја куќа колела по еден или повеќе курбани кои тука обично се викале „печива“ (брави за печење).

По отпуштањето од црквата која тој ден била полна со пченица и „пендарто“ (петолебие), домаќинот со гостите се враќале дома каде што се поставувала раскошна трпеза, а во средината стоело печеното. Оваа трпеза не се кревала во текот на целиот ден. Тој ден свештеникот оди од куќа на куќа и „крева панаири“ при што ги споменува имињата на сите од семејството, како и на гостите. Во текот на целиот ден селото ечи од песни, ора, свирки и веселби. Ете така се „отпева панаир“ во Костурско и тоа не само од македонското население туку и од Власите и од Арнаутите.

Во еден напис во весникот „Новини“ од Цариград од 11 јули 1891 година пишува дека и во кукушкото село Крецово Летен Св. Атанас се празнувал многу свечено со панаѓур, натпревари во борење и сл. На овој ден на панаѓурот во селото доаѓал многу народ од Кукуш и од околните села. Околу осум часот свештениците, учителите и певците оделе на ридот што се викал „Свети Атанас“ и како на Велигден се светела вода. Потоа започнувала веселбата што траела до доцна вечерта. На 3 мај пак оделе во црквата и по распуштањето на црквата тргнувале по гости. Кога ќе дојдело време за ручек секој си ги собирал своите гости. По ручекот излегувале на некое рамно место каде што се одржувале натпревари во борење. По борењето започнувало орото, кое траело до доцна вечерта кога сите си заминувале.

Свети Атанасиј, наречен Велики е роден во Александрија во 295 година. Едно време минал во пустина заедно со свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква.

Учествувал на Првиот вселенски собор и иако млад се истакнал со познавањето на Светото писмо и со говорништвото. Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против ариевската ерес и биле содржани во заклучоците од Собирот, на кој биле осудени еретикот Ариј и неговите приврзаници. Со тоа си го навлекол врз себе гневот на еретиците кои често го клеветеле кај царот. Но со својот углед и христијанскиот начин на живеење свети Атанасиј секогаш успевал да се одбрани од овие клевети. Веднаш по Првиот вселенски собир на 8 јули 326 година на барање на народот од страна на епископите бил поставен за архиепископ на александриската црква каде што останал долго време.

По поразот на Никејскиот собор ариевците се обиделе да се вратат во црквите. Тие издејствувале од царот да се заложи кај архиепископот Атанасиј да биде повлечена анатемата, но тој тоа не го дозволувал. Најпрвин ја одбил сугестијата на цар Костадин да биде потолерантен кон ариевците, а потоа ја одбил и наредбата на царот, еретикот Арие да го врати во црквата. Поради тоа бил наклеветен како бунтовник и бил протеран во Галија. Тогаш царот инсистирал кај цариградскиот архиепископ Александар да го врати Арие во црквата по што овој цела ноќ се молел на Бога да не дозволи црквата да биде испоганета. Утрото кога Арие тргнал да влезе во црквата следен од своите многубројни приврзаници почувствувал болки и веднаш умрел на патот.

Уште четири пати свети Атанасиј бил протеруван во прогонство, за време на Констанциј синот на Константин, за време на царот Јулијан Отстапник и за време на царот Валент. Сиве овие владетели им биле наклонети на Ариевците. Така свети Атанасиј во прогонство минал цели дваесет години. Мирно се упокоил во својот дом на 2 мај (ст. стил) 373 г.

Continue Reading

Претходно: МНР објави повик за проектот МКАРТА
Следно: Регионот под вода – евакуирани домови, затворени патишта

Поврзани вести

Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31
mkd-bul-1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

Димитар Петковски 10/09/2026 09:41
ezerani
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

Шеталиште 10/09/2026 07:05
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола pat-prilep-bitola 1
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

10/09/2026 12:39
Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани FB_IMG_1789043869662 2
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

10/09/2026 12:38
ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи Komarec 3
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

10/09/2026 10:31
ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија mkd-bul-1 4
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

10/09/2026 09:41
Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано ezerani 5
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

10/09/2026 07:05

Можеби сте пропуштиле

696409370ea57e2f063ba93140a4ee9a
  • Култура
  • Настани

Hair-aclea 2026 – Хуманитарен концерт

Шеталиште 10/09/2026 17:46
pat-prilep-bitola
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

Шеталиште 10/09/2026 12:39
FB_IMG_1789043869662
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Шеталиште 10/09/2026 12:38
Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани