НАЈНОВО

Астрологија

Дневен хороскоп (19.05.2023)

ОВЕН

Оптоварени сте со грижите кои самите сте ги смилиле. Се обидувате да го предвидите решение за проблемите кои и натаму не настанале. Вашето однесување може да ви нанесе штета доколку навреме не тргнете и не ја одвоите реалноста од она што сте го замислиле.

БИК

Многу енергија трошите да ја совладате тензијата која ве опколила. Ви се чини дека сите потклекнале на атмосферата која за вас е целосно нездрава. На крајот успешно напѓате начин како да се решите од се што не ви припаѓа вам. Немојте да бегате од обврските.

БЛИЗНАЦИ

Преокупирани сте од финансиски грижи. Многу од работите зависат од вас па поради тоа не е паметно да се оптоварувате со работите за чие решение немате моќ. Бидете трпеливи, конкретна помош доаѓа од близок пријател кој најверојатно се наоѓа во странство.

РАК

Ја прекинувате комуникацијата со еден член на фамилијата затоа што така ви е полесно. Избегнување на разговор не води кон решение, напротив го продлабочува проблемот и ги комплицира односите. Без оглед на непријатност, расчистете ги работите до крај.

ЛАВ

Ве притискаат рокови. Вашите квалитети доаѓаат во прашање затоа што сте пребавни. Брзањето ви создава тензии, особено кога е во прашање одработување нешто што е многу важно. Немојте да подлегнете на атмосферта, држете се до своето темпо и денот ќе мине во мир.

ДЕВИЦА

Што се однесува до вас, сте направиле се како што треба, и немате околу што да се преиспитувате. Тоа е вашиот став и без многу тензии ги завршувате одредени пријателски односи. Ако сте биле самокритични, ќе увидите дека вашиот став е престрог.

ВАГА

Премногу давате на значење на луѓе кои за вас судат само од здодевност. Вашата љубовна врска е само ваша, за таа не треба да води грижа околината. Ако занемарите што другите зборуваат, ќе разберете дека на вашата врска нитш не и недостасува.

ШКОРПИЈА

Може да сметате на поддршка на пријател затоа што во минатиот период со своето залагање и пожртвуваност сте заслужиле од него. Ве очекува потпишување на важен договор со кој вашата професионална кариера ќе тргне во сосема друг, спротивен правец.

СТРЕЛЕЦ

Постои шанса вашата желба за промена на работното место да се оствари. Морате да бидете свесни дека ако тоа го сторите после тоа влегувате во нов живот и нема враќање на старо. Тоа не значи дека ве чека нешто лошо, туку дека морате да бидете подготвени на се.

ЈАРЕЦ

Имате многу планови и очекувате нивна брза реализација. За жал работите не се одвиваат со посакуваното темпо. Додека чекате нешто да почне, губите драгоцено време, па ви бегаат шанси кои се посигурни, а можеби и поисплатливи.

ВОДОЛИЈА

Не создавајте непријатели од луѓето од кои зависите. Напнатоста се комплицира, почнувате караници со соработниците. Вашата кариера може да тргне по надолен пат ако не се потрудите и не поработите на смирување на тензијата која преовладува.

РИБИ

Денот е одбележен со непријатни вести. Засмислата која сте ја имале, а која се однесува на вашите амбиции, со пресврт станува неизводлива. Разочарани сте, но се се случило поради тоа што сте ги измешале работата и приватниот живот, па вашите проблеми ги решаваат непознати лица.

Поврзани новости