НАЈНОВО

Економија

Од март до април инфлацијата пораснала за 0,7 процентни поени

Во однос на април минатата година, трошоците на живот во април годинава се зголемени за четири, а цените на мало за 3,5 процентни поени

За 0,7 проценти поени е зголемена инфлацијата во април во однос на март годинава. Ова го покажуваат податоците објавени од Државниот завод за статистика (ДЗС) според мерењата на индексот на трошоците за живот.

Растот на инфлацијата е последица на зголемувањето на трошоците на живот и тоа – во транспортот за 2,8 отсто, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти.

На исто ниво останале трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.

Во однос на април минатата година, трошоците на живот во април годинава се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 отсто.

Поврзани новости