Тестенини од спанаќ во фин сос од печурки.
Состојки:
(за 4 лица)
– 400 гр тестенини од спанаќ
– 1/2 главица лук
– 500 гр свежи печурки
– 50 гр крем за готвење
– сецкан свеж магдонос
Подготовка:
Сварете ги тестенините од спанаќ во солена вода.
Печурките исечкајте ги на прстени, а кромидот и магдоносот што е можно помали.
На загреано масло пропржете го кромидот, па додајте ги печурките. Кога ќе ги пуштат сокот, тогаш додадете го кремот за готвење.
Ќе биде редок, па по желба додадете малку брашно да се згусне.
Додадете го магдоносот и мешајте додека не се згусне. Потоа додадете ги сварените тестенини. Промешајте добро да се соедини.
Послужете топло.