Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Занимливости

Луксузно одморалиште нуди работа од соништата – фотограф на меден месец

admin 26/04/2023 00:00
Maldives island

Луксузно одморалиште на Малдивите нуди работа од соништата за фотографи-аматери и фотографи-професионалци.

Висококвалитетната туристичка компанија „Куони“ нуди работна позиција за прв фотограф во резиденција за меден месец, лоцирана на Малдивите.

Од „Куони“ велат дека работата на фотографот за меден месец е можност за амбициозните фотографи да го изградат нивното креативно портфолио.

Додека работи како фотограф за меден месец, фотографот ќе има можност да биде сместен во луксузните четири одморалишта „Куони“ на рајските острови Курамати, Кандолху, Барос и Веласару на Малдивите.

Исто така, на кандидатот што ќе ја добие работата ќе му биде дозволено да донесе асистент за фотографија. Кандидатот ќе добие 3.697 долари за тринеделната задача и ќе му бидат покриени сите трошоци, вклучувајќи храна и пијалаци.

Задача на фотографот ќе биде да направи фотографии од младеницте кои се на меден месец во луксузните одморалишта. Пред да замине на островите, избраниот кандидат ќе добие и лична обука од Сандра вон Реикоф, позната фотографка на венчавки која снимила многу кралски свадби, вклучувајќи ја и свадбата на принцезата Евгенија, ќерка на принцот Ендрју (братот на принцот Чарлс) и Сара Фергусон, војвотката од Јорк.

– Избраниот кандидат ќе има можност преку фотографиите да им овозможи на младенците повторно да го доживеат нивното незаборавно искуство на меден месец во годините што следуваат- велат од „Куони“.

За да учествуваат во натпреварот, кандидатите мора да ја прикачат нивната најдобра фотографија од портрет на личност или пар, заедно со најдобрата фотографија од дестинација. Исто така, ќе треба да образложат зошто баш тие треба да бидат избрани.

Крајниот датум за пријавување е 28 април, а успешниот кандидат ќе биде објавен на 10 мај. Од „Куони“ велат дека успешниот кандидат не треба да биде професионален фотограф, туку треба да има талент за креативна содржина.
Повеќе информации за огласот за работа и за пријавувањето можете да добиете ТУКА.

Continue Reading

Претходно: „Нетфликс“ подготвува игри за телевизори, телефонот ќе се користи како контролор
Следно: Хрватски научници споредиле клетки од лица заразени со корона, вакцинирани или и двете. Еве што откриле

Поврзани вести

TOM_7972
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (28.02.2026)

Шеталиште 28/02/2026 18:16
domati-2
  • Занимливости
  • Забава

Истражување: Научници во Кина создадоа нова сорта домати со мирис на пуканки

Шеталиште 24/02/2026 14:13
21.02.2026-1
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (21.02.2026)

Шеталиште 21/02/2026 18:26
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

Почна изградбата на спортска сала во дворот на училиштето „Стив Наумов“ 2-bitola-1-696x489 1
  • Битола инфо

Почна изградбата на спортска сала во дворот на училиштето „Стив Наумов“

06/03/2026 13:47
Состојбата со нафтата е стабилна и се следи, нема потреба од создавање паника – уверува министерката Димитриеска-Кочоска nis_piu_motorno_gorivo1-1 2
  • Економија

Состојбата со нафтата е стабилна и се следи, нема потреба од создавање паника – уверува министерката Димитриеска-Кочоска

06/03/2026 13:43
„Крали Марко Треилс“ повторно во Прилеп – 13-то издание на популарниот планински маратон Screenshot 3
  • Прилеп инфо

„Крали Марко Треилс“ повторно во Прилеп – 13-то издание на популарниот планински маратон

06/03/2026 13:11
15.000 туристи на крузери и 20.000 морнари се „заробени“ во Персискиот Залив, не е безбедно да се плови по Ормутскиот Теснец cargo_vessel_in_the_persian_gulf 4
  • Свет

15.000 туристи на крузери и 20.000 морнари се „заробени“ во Персискиот Залив, не е безбедно да се плови по Ормутскиот Теснец

06/03/2026 10:47
РКЕ со нови правила за лиценцирање на енергетските компании gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Македонија

РКЕ со нови правила за лиценцирање на енергетските компании

06/03/2026 10:44

Можеби сте пропуштиле

2-bitola-1-696x489
  • Битола инфо

Почна изградбата на спортска сала во дворот на училиштето „Стив Наумов“

Шеталиште 06/03/2026 13:47
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Состојбата со нафтата е стабилна и се следи, нема потреба од создавање паника – уверува министерката Димитриеска-Кочоска

Шеталиште 06/03/2026 13:43
Screenshot
  • Прилеп инфо

„Крали Марко Треилс“ повторно во Прилеп – 13-то издание на популарниот планински маратон

Шеталиште 06/03/2026 13:11
cargo_vessel_in_the_persian_gulf
  • Свет

15.000 туристи на крузери и 20.000 морнари се „заробени“ во Персискиот Залив, не е безбедно да се плови по Ормутскиот Теснец

Шеталиште 06/03/2026 10:47

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани